Поранешниот Ф1 шампион треба наредната година да му се приклучи на релито Дакар каде ќе вози за тимот на Тојота.
Шпанецот претпочита да се врати во светот на Формула 1, но сѐ поизвесно е дека ќе нема болид за него наредната сезона. Затоа Алонсо се договори за настап на Дакар.
Тој ќе вози за тимот на Тојота со Марк Кома како совозач. Кома е четирикратен шампион на Дакар со KTM мотоцикл, а моментално 42-годишниот Каталонец ја извршува функцијата директор на познатото рели.
38-годишниот Алонсо лани возеше за Тојота на FIA World Endurance шампионатот, а годинава се тркаше за МекЛарен Рејсинг на Индијанаполис 500. Последен пат во Ф1 возеше за големата награда на Абу Даби во ноември 2018.
Релито Дакар годинава се возеше низ Перу, додека наредната година се сели на Блискиот Исток, во Саудиска Арабија.