Ferrari 410 Sport Spider кој го возеа Фанџо и Шелби оди на аукција

Фантастичниот тркачки Ferrari 410 Sport Spider by Scaglietti ќе биде продаден на аукција организирана од RM Sotheby's во август.

Легендарниот Енцо Ферари го осмисли моделот 410 Sport Spider додека бараше начин да обезбеди титула во Светскиот шампионат за спортски автомобили во 1955 година. За да дојде до титулата мораше да направи автомобил кој може да биде добар на патеките, но и успешно да го заврши петдневното рели Карера Панамерикана низ Мексико.

За потребите на шампионатот дизајнираше е нова шасија 519/C заедно со тубуларна рамка, а инсталираше и 5.0-литарски V12 мотор кој развиваше 400 КС. Беа произведени само две копии од автомобилот, но релито Карера Панамерикана беше откажано, па автомобилите учествуваа на Светскиот шампионат за спортски автомобили во 1956 година.

Примерокот на фотографиите ја носи ознаката 0598 CM, а првично го возеа Хуан Мануел Фанџо и Еуџенио Кастелоти. По успешното деби на трката на 1.000 километри во Буенос Аирес во јануари 1956 година, автомобилот беше испратен во фабриката на Ferrari, а подоцна беше купен од Џон Едгар. После тоа, Керол Шелби го возеше за тимот на Едгар и постигна серија победи.

Автомобилот беше толку добар што го импресионирал Шелби.

„Ништо не може да му се приближи на ова Ferrari ако работи“, рече тогаш Шелби за Los Angeles Times.

Remote video URL

Подоцна, ова Ferrari го возеа Ричи Гинтер и други, а автомобилот беше повлечен од трките во 1960 година и продаден. Новиот сопственик го врати во светот на трките во 1963 година и учествуваше на трката Дејтона Континентал 3 Часа. Правилата бараа фиксен покрив, така што беше направен за ова Ferrari, но ја наруши аеродинамиката па на крајот сопственикот сепак го користеше 250 GTO.

Ferrari 410 Sport Spider повторно е „пензиониран“ и се чува во колекција веќе две децении. Беше купен и реставриран во 1980 година од Хауард Коен, а оттогаш автомобилот смени неколку сопственици. Оригиналниот резервоар за гориво ги содржи зборовите на Шелби кои велат: „Господинот Ферари ми кажа дека ова е најдоброто Ferrari што некогаш го направил“.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе