Ferrari го претстави новиот „ѕвер“ Omologata
Компанијата Ferrari го претстави уникатниот модел под назив Omologata кој го придвижува V12 мотор.
Ferrari произведува уникатни модели со V12 мотор во модерната ера од моделот P540 Superfast Aperta oд 2009 година.
Дали атмосферскиот V12 мотор доби повеќе сила, сè уште не е познато. Познато е дека 6,5-литарскиот мотор развива 789 коњски сили.
Рачно изработената алуминиумска и целосно сменета каросерија му даде целосно нов изглед на моделот кој сега изгледа актрактивно и моќно.