Ferrari постигна нов рекорд во продажба

Во најуспешната година во својата историја, познатата италијанска автомобилска компанија само од продажба на автомобили заработила 939 милиони евра.

Во Маранело имаат причина да слават, бидејќи официјалните извештаи покажаа дека во 2022 година Ferrari продаде најмногу автомобили во својата повеќедецениска историја и со тоа забележа рекорден профит.

Минатата година Ferrari испорача 13.221 автомобил на клиентите ширум светот, што е за 2.066 повеќе од официјалните продажни резултати во 2021 година, во кои беа испорачани 11.155 примероци, па Ferrari лани (само од зголемена продажба на автомобили) заработи 939 милиони евра, 106 милиони повеќе во споредба со резултатот од 2021 година.

Со зголемувањето на продажбата, минатогодишниот вкупен профит на Ferrari, кој е остварен преку сервисирање на автомобили, резервни делови и бројни други активности, надмина пет милијарди евра, а во Маранело процениле дека на крајот на оваа година бројките би можеле да бидат уште подобри, бидејќи се споменува заработка од 5,7 милијарди евра.

Во реализацијата на плановите несомнено ќе помогне и првиот кросовер модел на Ferrari (Purosangue), чија испорака стартува оваа година. Побарувачката за четири седишта придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор ги надмина сите очекувања, па листата на чекање е две години.

Тагови
реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Авто новости

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Read more

Renault го претстави новиот Espace

Read more

Подобро и од легнат полицаец

Read more

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Renault го претстави новиот Espace

Читај повеќе
  • play_arrow

Подобро и од легнат полицаец

Читај повеќе

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Читај повеќе
  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Читај повеќе

Бензинците сè попопуларни во Германија

Читај повеќе

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Читај повеќе

Volkswagen потврди: Доаѓа новиот Passat

Читај повеќе