ФФМ: Кој правел малверзации ќе си сноси последици

Откако денеска Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против поранешни вработени во ФФМ, со коментар се јави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Фото: ФФМ

„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија на 10 октомври 2019 година пријавив сомнение за сторен финансиски криминал до државните истражни органи поврзан со злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и измама во службата од страна на поранешната раководителка на финансискиот оддел во ФФМ и Н.Н. лица. И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес“, вели Сејдини.

„Во изминатиот период ФФМ имаше интензивна соработка со државните истражни органи, а посебно упатуваме благодарност до Управата за финансиска полиција за нивниот професионален однос, посветеност и одговорен пристап“.

Целосното обвинение изнесено од страна на Управата за финансиска полиција можете да го прочитате тука. Меѓу обвинетите се и поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски и сметководителката Олгица Младеновска чија проневера ја открија самите луѓе од ФФМ и ја пријавија.

„На Генералното Собрание на ФФМ одржано пред две седмици, јас, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија реков пред присутните, а сега ќе повторам и за целокупната јавност дека како човек кој долго време работи во фудбалот во Македонија, до минатата година мислев дека доволно и добро ги познавам и соблекувалните и стадионите и канцелариите и внатре и однадвор, но и луѓето. Почитувам правила и закони и сметав дека така се однесуваат и другите. Посебно тие кои долги години извршувале одговорни функции. За сѐ друго, одговорноста е на државните институции и судските органи и се разбира на оние кои работеле спротивно на законите. Последиците од тоа, тие луѓе ќе мора да ги сносат. Мене ми е најважно што како Федерација го пребродивме периодот кога за нечии сметки бевме доведени речиси до финансиски крах, но не дозволивме репрезентациите и фудбалското семејство да почуствуваат дека нешто драматично се случува.

Муамед Сејдини; Фото: ФФМ

Претседателот открива дека за финансиските малверзации била известена и УЕФА и од неа било побарано да направи и своја истрага.

„Се разбира и јас и сите околу мене сме подготвени и ќе продолжиме да соработуваме со институциите на системот, било да е извршна или судска власт, доколку тоа се бара од нас по дела за кои сме пријавиле сомнение. Истовремено, сакам да потенцирам дека раководните луѓе во УЕФА детално се информирани за целиот случај, а како одговорна и транспарентна институција побаравме посебна финансиска истрага и од нивна страна за што добивме уверување дека во најскоро време финансиски експерти од УЕФА ќе извршат и своја, дополнителна контрола во однос на проектите и работењето на ФФМ.

Сејдини уверува дека и покрај штетите кои ѝ се нанесени на ФФМ, нејзиното работење и опстанок не се загрозени и може да продолжи со нормална работа.

Според Управата за финансиска полиција, во периодот од 01.01.2015 до 10.10.2019 година осомничените на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, за кој износ ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија.

„Ја уверувам јавноста, посебно фудбалската, дека нашето работење не е загрозено, иако минуваме тежок период и веќе работиме на внатрешна контрола на сите активности, плаќања и обврски на федерацијата од 1 јануари 2010 година. Кршење на закон од било когo и на било каков начин, не само финансиски, секако мора да сноси одговорност и последици. Јас како претседател на Фудбалската федерација на Македонија заедно со надлежните институции ќе продолжам да соработувам со институциите за расчистување на случајот“.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе