ФФМ одлучи клубовите да не плаќаат котизација

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија се донесе одлука клубовите да бидат ослободени од плаќањето котизација за учество во домашните лиги наредната сезона.

Поради кризата со коронавирусот која го погоди целиот свет, настрадаа и македонските фудбалски клубови. Задолжителната котизација која се уплаќа на две рати пред почетокот на првата и втората полусезона нареднава сезона нема да биде проблем на клубовите ширум земјава бидејќи ФФМ одлучи да се стави во мирување сѐ со цел да им помогне на клубовите.

Сите клубови од Првата лига, двете групи од Втората лига, како и петте групи од Третата лига за нареднава сезона 2020/21 нема да плаѓаат котизација за учество. Во општинските Четврта и Петта лига котизација не се плаќа.

Котизацијата, иако непопуларна мерка, беше воведена со цел да се спречи ненадејното истапување од лига на клубовите, нешто што во минатото често се случуваше. На тој начин, клуб што платил, а се откажал, бадијала ги фрлил парите.

Прволигашите и минатава сезона на некој начин беа ослободени. Имено, парите кои ФФМ ги доби од ТВ правата од Arena Sport, наместо да ги подели по клубовите ги уплати од нивно име како котизација.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе