1.МФЛ 2019/20

ФФМ се премисли: Прогласен крај на фудбалското првенство

Поради влошување на пандемијата во Мкаедонија, Фудбалска федерација денеска одржа вонредна видео-конференција на која беше одлучено да се стави крај на прекинатото првенство и тоа без прогласување на шампион, како на купот.

Фото: ФФМ

„Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот COVID-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во 1.МФЛ“, информира ФФМ.

За ваквата непопуларна одлука од ФФМ веднаш ја известиле УЕФА.

Се очекува реакција од ФК Вардар, кој како лидер со дури 10 бодови предност пред второпласираниот, е најоштетен во оваа новонастаната ситуација. Во другите прекинати првенства ширум Европа, лидерот беше прогласуван за шампион и оттаму останува нејасно зошто ФФМ реши да прогласи крај без шампион.

ОД ФФМ велат дека бидејќи процесот за лиценцирање сѐ уште е во тек, екипите кои ќе се напреваруваат во европските купови допрва ќе бидат потврдени. Според моменталниот пласман, во квалификациите за Лигата на шампиони треба да игра Вардар, чија лиценца виси поради големите долгови. Силекс како втор и Шкендија како трета ќе играат во квалификациите за Лига Европа, каде место веројатно ќе добие и четвртопласираната Ренова поради тоа што и Купот на Македонија нема да се доигра.

Во Босна и Херцеговина исто така беше прогласен крај, а Сарајево стана шампион со само 3 бодови предност пред вториот. Титули со прекинати првенства добија и Селтик во Шкотска, Бриж во Белгија и ПСЖ во Франција.

Не беше прогласен шампион во прекинатото првенство на Холандија, но таму ситуацијата е многу поинаква бидејќи првото место го делат Ајакс и АЗ со ист број на бодови. Веројатно таму работата ќе стигне до судските органи бидејќи Ајакс има подобра гол-разлика, но АЗ има подобар меѓусебен дуел откако двапати го совлада ривалот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе