1.МФЛ 2020/21

ФФМ за понеделник ја закажа прволигашката жрепка

Филип Здравески
/ 23.07.2020 / 14:09

Распоредот за новата сезона во најквалитетната македонска фудбалска лига ќе биде познат во понеделник кога во ФФМ ќе биде направена жрепката.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Жрепката ќе почне точно на пладне (12:00 часот) во понеделник во просториите на „Куќа на фудбалот“, односно домот на Фудбалската федерација на Македонија.

Учество ќе земат сите 10 клубови кои во минатата прекината сезона се натпреваруваа во Првата лига: Академија Пандев, Борец, Вардар, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Струга, Шкендија и Шкупи, плус двете првопласирани од прекината сезона во двете второлигашки групи, Беласица и Пелистер. Со тоа, вкупно 12 екипи ќе бидат во жребувањето.

Жрепката ќе ги одреди броевите на клубовите според кои потоа веднаш ќе биде познат и распоредот на натпревари. Со оглед на тоа што има 6 екипи кои делат три стадиони, посебни услови ќе бидат земени предвид при жребувањето за во исто коло да не се погодат да играат на домашен терен Академија Пандев и Беласица, Вардар и Работнички, како и Ренова и Шкендија.

Сезоната 2020/21 во прволигашката конкуренција треба да почне викендот на 8 и 9 август.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе