Фич: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото ББ+ со стабилен изглед.

Во извештајот се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен. Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025-2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите 17 години. Фич оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка.

Во однос на банкарскиот сектор, Фич оценува дека тој и натаму е стабилен и профитабилен. Банкарскиот систем е добро капитализиран, високо ликвиден и со квалитетно кредитно портфолио, при што нефункционалните кредити изнесуваат само 2,9%.

Тагови
реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Read more

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Бизнис

Пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток, Сеул бележи рекордна загуба

Read more

Wizz Air привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток

Read more

Растат акциите на руските компании за нафта и гас

Read more

Изгласани најлошите авиокомпании според рејтинзи на патниците

Read more
 

Вести

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Читај повеќе

Гаши: Мажите да научат дека машкоста не се зголемува со понижување, презирање и потчинување на жените

Читај повеќе
  • filter

10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

Читај повеќе

Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата

Читај повеќе

Трамп нападнал повеќе земји од кој било друг претседател на САД

Читај повеќе

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Читај повеќе

Криза на машкоста: Кои мажи веруваат дека жената секогаш треба да го слуша својот сопруг?

Читај повеќе

Претседателката на Македонија: Зошто владеењето на правото се трансформира во владеење на насилните мажи?  

Читај повеќе

Зајкова: Не, колеги, насилството врз жените не е семејна работа, тоа е државна одговорност

Читај повеќе