Фицо: Украина ќе изгуби третина од територијата, ќе се подели како Чехословачка

Макфакс
/ 12.12.2024 / 12:24

Украина ќе изгуби третина од својата територија во конфликтот со Русија и нема да чека САД и нивните сојузници да ја поканат во НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува ТАСС.

Според него, Западот ќе ја жртвува Украина по нејзиниот неуспех, а тие би можеле да ја поделат земјата како Чехословачка во 1938 година*.

„Мислам дека Украина ќе изгуби една третина од својата територија, но ќе ѝ бидат понудени безбедносни гаранции, на пример присуство на странски војници“, рече Фицо во интервју за бразилскиот весник Folha de S.Paulo.

Како што истакна, решението на конфликтот во Украина може да биде само прекин на огнот и започнување на преговарачкиот процес.

„Украина дозволи да биде вовлечена во таква приказна која не може да заврши добро за земјата. Ќе ја изгуби својата територија и нема да биде поканета во НАТО“, изјави Фицо и додаде дека секој што е барем малку реален треба да признае дека Русија никогаш нема да се повлече од Крим, ДНР и ЛНР.

Тој рече дека никогаш нема да го поддржи влезот на Украина во НАТО додека е премиер, според медиумот.

*На почетокот на ноември 1938 година, според Првата виенска арбитража, која била резултат на Договорот од Минхен, Чехословачка - која не успеала да постигне компромис со Унгарија и Полска - морала да се откаже откако арбитражата на Германија и Италија ги доделила Јужна Словачка и Карпатска Рутенија на Унгарија, додека Полска набргу потоа извршила инвазија на територијата Транс-Олза.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Свет

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Read more

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Read more

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Read more

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе