Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Љубителите на квалитетна, домашна авторска музика го препознаваат скопскиот бенд „Fiction“ по неговиот автентичен настап и веднаш можат да ги набројат песните „После дождот“, „Дали знае“, „Сега или никогаш“, „Брои до три“, „Допир“... Квалитетот на музиката на бендот е неспорен, а го препознаваат и надвор од нашите граници. Пред неколку месеци „Fiction“ го издаде дебитантскиот албум „Лавиринт“ кој имаше експлозивна концертна промоција во Скопје пред преполн клуб и публика која ги знаеше наизуст песните од албумот, но и постарите песни на бендот. А, пред неколку дена, бендот го објави и спотот за песната „Допир“, кој е сниман во живо на концертната промоција. Членовите велат дека „Fiction“ e бенд со влијанија кои осцилираат, од сите жанровски крајности, дефинирајќи се генерално како алтернативен рок, но со успешно имплементирани фанк, поп, фјужн и synth-wave влијанија, со што креира автентичен стил.

Бендот „Fiction“ постои од 2016 година. Што го одржува на домашната музичка сцена?

- Бендот постои веќе осум години и тоа без некои драстични промени и отстапувања од стартната постава. Го оформивме тројца: Петар (Ѓуревски) како вокал, Захар (Виктор Захариев) на гитара и Ади (Филип Андонов) на бас-гитара, а подоцна ни се придружи и Teo (Теодор Теодосиевски) на тапани. Во тие денови, сон на секој од нас беше да е во бенд, едноставно такво беше времето - ако свириш, треба да имаш и група. Правевме проби секој ден, бевме заедно поголем дел од времето, па така почнавме да развиваме и свои музички идентитети кои сѐ уште заедно ги надоградуваме. Затоа и велиме дека бендот е наше второ семејство. „Fiction“ најмногу го одржува братската љубов која владее меѓу нас, како и љубовта кон музиката и кон творењето. Секако и поддршката од фановите е она што секогаш ни давало дополнителен поттик и стимул да работиме уште понапорно и да продолжиме да креираме.

За разлика од поголемиот број бендови кои се заштитен знак на скопскиот ноќен живот и живите свирки, „Fiction“ уште од 2017 година плива во авторските води издавајќи свои песни. Тешко ли е да се опстане на оваа сцена со години со авторски песни? 

- Единствениот начин да се опстане на која било сцена е исклучиво со авторски материјал. Нашата локална сцена, алтернативна или популарна, хибернираше доста долг период додека бевме деца. Но, имавме среќа таа да се разбуди од сон токму во времето кога почнавме да креираме и ние, па некако се вклопивме и придонесовме во тој нов бран на македонска музика. Емоционално и спиритуално не е воопшто тешко да се избориме со секој предизвик штом го правиме она што го сакаме и она во кое сме најдобрата верзија од себеси. Од друга страна, материјалниот дел од равенката е оној кој претставува, благо кажано, поголем предизвик. Ова не е случај само со нас, туку со сите што се занимаваат со авторска музика од почетокот на овој век, низ целата планета. Гледаме да се адаптираме на времето, растевме во пикот на дигитализацијата на музиката, малку ја фативме ЦД - ерата, а сведочевме на подемот на социјалните медиуми и стриминг платформите. Не патиме од тоа да имаме тик-ток хитови и слава преку ноќ, но се обидуваме да ги искористиме достапните платформи за да допреме до што е можно поширока публика.

Што е поголем предизвик, да се успее да се задржи интересот на публиката со континуирани живи настапи или да се привлече нова публика со промоција на нови, авторски дела?

- Постои убавина и во двете. Кај нас е доста периодично, на моменти едвај чекаме да се затвориме и да снимаме во студио, додека пак кога ќе дојде концерт или фестивал, го посветуваме цело време на тоа. На пример, до август 2024 бевме целосно изолирани во студио, работевме на нов материјал, претпродукција и продукција на песните. Во моментот кога бевме сигурни дека тоа е тоа и дека албумот е готов, интензивно почнавме да се подготвуваме за лајв шоу и кога дојде денот за концертна промоција на албумот - едноставно полетавме. Живите настапи ни се издувен вентил, а и силен адут. Живееме за нив, постоиме за да свириме пред публика, тогаш сме вистинските ние.

Remote video URL

Во ноември 2024 година го објавивте првиот албум „Лавиринт“ на сите дигитални платформи, а кратко потоа имавте и концертна промоција на албумот во „Станица 26“ која помина одлично. Како котира засега новиот албум, го најде ли својот пат до публиката?

- Пресреќни сме со реакцијата на публиката на албумот. Уште во првите денови по излегувањето на албумот, добивме безброј убави коментари и одличен фидбек на песните. Најмногу ни значи тоа што луѓето се препознаваат во песните и ги доживуваат на еден нов начин што досега ние не сме го знаеле. Тоа ни значи најмногу. Уште на концертната промоција, која се одржа само две недели по дигиталното издавање на албумот, луѓето ги знаеја песните напамет. За еден бенд нема поголема сатисфакција од тоа. Се надеваме дека „Лавиринт“ допрва ќе го најде своето место во македонската алтернативна и поп култура, најмногу затоа што сакавме да направиме песни што ќе траат, песни што и за пет, десет или 20 години од сега ќе имаат тежина и ќе останат релевантни.

Автентичниот стил на музика што го негува бендот е еден од неговите заштитни знаци. Верувате ли дека автентичноста носи поголема можност за успех и допир до поширока публика или пак тоа се постигнува само преку негување покомерцијална музика?

- Не мислиме дека нашиот стил на музика е антикомерцијален, ниту пак антиалтернативен. Некако со текот на годините научивме да ги собереме сите наши влијанија и да се обидеме да ги ставиме во оригинален контекст. Никогаш не сме сакале да бидеме присилно авангардни. Тоа ни е дури и одбивно, најискрено. Ниту пак сакаме да сме присилно поинакви. А, на крај пак излегува дека сме. Нашите најголеми влијанија сепак може да се класифицираат како поп-актови. Џими Хендрикс бил поп-ѕвезда, Дејвид Боуви беше поп-ѕвезда, Depeche Mode се поп. Креираме како што се чувствуваме во моментот, идеите излегуваат како што течат низ нас, без компромис и без задржување.

Во 2024 година бендот беше еден од 12-те финалисти на конкурсот за наградата Милан Младеновиќ, кој се организира на ниво на цел Балкан. Како стигнавте до финалето на овој конкурс и какво беше тоа искуство за вас?

- Втор пат учествуваме на овој конкурс, првиот пат со песната „Брои до три“ која стигна до полуфиналето, а оваа година со песната „Допир“ со која успеавме да стигнеме и до финалето. За нас, музичарот Милан Младеновиќ е идол, човек што без да го знаеме лично, па дури и со кој не сме делеле ист животен век, ни ги отворил вратите на сите кои искрено и бескомпромисно сакаме да правиме музика, пишуваме текстови, поезија и така да го менуваме светот. Пласманот во финалето ни преставува огромна чест. Особено ни е драго тоа што нашата песна „Допир“ се најде на компилацијата од 12 финалисти која ја издаде здружението „Милан Младеновиќ“, заедно со уште 11 финалисти од цел Балкански полуостров.

Што би издвоиле како најголем успех на бендот досега?

- Дефинитивно еден од поголемите успеси ни е издавањето на албумот „Лавиринт“ и неговата концертна промоција. Тоа се денови што ќе останат како најубави во нашите музички кариери и секогаш ќе ги паметиме. Секако, тука е и пласманот во финалето на конкурсот Милан Младеновиќ, победите на Loser-Fest и Рок-фест. За голем успех го сметаме и тоа што успеавме да излеземе надвор од границите на нашата држава, особено во последниов период, со регионални настапи на фестивали. Уште поголем успех е тоа што луѓето таму ги знаат наизуст нашите песни, на македонски јазик.

Какви се плановите на бендот за во иднина, која е насоката во која ќе се движи?

- Изминатата есен ја посветивме на концерти и фестивали, бевме дел од UnderFest 2024 во МКЦ, потоа дојде промоцијата, па настап на Пирит фестивалот во Митровица. Планираме да продолжиме со овие живи настапи, сакаме да допреме до што е можно поголема и поразлична публика од она што сме навикнати. Во исто време работиме и на видео записи за некои од песните на албумот. Паралелно на тоа работиме и на нов материјал што допрва ќе го објавиме.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

МК сцена

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Read more

Kонцерт на „Ѕвездите на Гранџот“ во Скопје

Read more

Голем успех за Диџеј Ахмет на Унковски - во официјална конкуренција на Санденс!

Read more

Стефан Спасов: Горан пишуваше за обичните луѓе, а тоа ќе го видите и во Замисли нов свет

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Читај повеќе

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Читај повеќе
  • play_arrow

Кендрик Ламар експлодира на Супербоул: Една песна ја доведе атмосферата до лудило

Читај повеќе

Швимер повика да се суспендира профилот на Канје на Х

Читај повеќе

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Читај повеќе
  • play_arrow

Лав Хјуит: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години

Читај повеќе