ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

ФИФА ја казни Хрватска поради навредите кон Милан Борјан

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 50.000 швајцарски франци поради однесувањето на дел од навивачите на натпреварот од Светското првенство во Катар против Канада.

На тој натпревар дел од хрватските навивачи го навредуваа канадскиот голман Милан Борјан, кој има српски корени и кој претходно даваше недолични изјави за т.н. Одбранбено-татковинска војна.

На трибините се појави и транспарент со навредлива содржина.

„Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со 50.000 швајцарски франци поради прекршување на член 16 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА (употреба на зборови и предмети за да се пренесе порака што не е соодветна за спортски настан) во врска со однесувањето на хрватските навивачи за време на натпреварот против Канада“, соопшти ФИФА.

Казнети се и Фудбалските сојузи на Србија и Саудиска Арабија

Србите беа казнети со 20.000 швајцарски франци за „прекршување на член 11 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА и член 4 од Правилникот на Светското првенство на ФИФА 2022 година во врска со знамето истакнато во соблекувалната по натпреварот против Бразил“, се вели во соопштението.

По натпреварот против Бразил, во соблекувалната што ја користеше српската репрезентација, беше закачено знаме со мапа на Косово обоена во боите на српското знаме, со парола: „Не се предаваме“.

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија е казнет двапати со 15.000 швајцарски франци поради недолично однесување на играчи кои заработиле шест жолти картони на натпреварите против Аргентина и Мексико.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе