ФИФА претстави нова офсајд технологија со ВИ за Мундијалот во Катар

Во Катар ќе се користи најмодерна вештачка интелигенција (ВИ) за одредување на одлуките за офсајд, како помош на судиите.

Овогодинешното Светско првенство може да изгледа малку поинаку од оние што беа пред него, откако ФИФА откри дека ќе користи најсовремена офсајд технологија за време на настанот во Катар.

Повеќе од четири години откако ВАР беше воведен на Светското првенство во Русија, раководното тело на светската куќа на фудбалот продолжи да ја модернизира играта и ќе ја користи Semi-Automated Offside Technology, скратено SOAT (полуавтоматската офсајд технологија - СОАТ) во текот на првенството закажано кон крајот на годинава.

Технологијата се потпира на 12 камери за следење кои ќе следат различни точки на телото на секој играч со брзина од 50 фрејмови во секунда и, заедно со сензорот вграден во топката, би требало да доведат до појасни - и најважно, побрзи - офсајд одлуки во клучни ситуации во натпреварите.

Системот за вештачка интелигенција ќе може со речиси сигурност да одреди дали играчот е во офсајд во кој било момент за време на натпреварот - со официјални видео лица, исто така, кои ќе се користат за внесување на точниот момент кога топката била шутната.

URL

Податоците потоа ќе се пресметаат веднаш и ќе му бидат пренесени на судијата на натпреварот. Видео судијата, исто така, ќе утврди дали играч кој е означен како офсајд „се меша“ во тековната акција.

Идејата зад новата технологија беше да се отстрани неодлучноста од фудбалските терени, вели легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина.

„Сакаме да имаме точни и побрзи одлуки“, рече Колина, кој е претседател на Комитетот за судии на ФИФА.

Големата имплементација на СОАТ доаѓа по успешното тестирање на Арапскиот куп и Светското клупско првенство. Исто така беше тестирана од независни тимови за рецензија на различни универзитети ширум светот.

URL

Сегашниот офсајд систем во фудбалот е многу оцрнуван. Пред технологијата СОАТ, одлуките за одредување офсајд бараа од видео судиите рачно да ја одредат линијата за офсајд на теренот пред да се донесе одлука - нешто што често вметнуваше неколкуминутна пауза во натпреварите.

Новиот систем ќе дава дигитално прикажување на потенцијалниот офсајд кој ќе биде прикажан на екраните на стадионот и на телевизија во рок од само неколку секунди.

„Ги користиме истите податоци што се собирани од различни елементи на полуавтоматски офсајди за да генерираме 3D анимација бидејќи сакаме да им обезбедиме најдобри можни перспективи на фудбалските фанови“, рече директорот за фудбалска технологија и иновации на ФИФА, Јоханес Холцмилер.

„Мислам дека сите се согласуваме, особено за офсајди каде е тешко да се пресече, понекогаш е доста тешко ако гледате само линиите што се преклопуваат да кажете дали играчот бил во офсајд или не“.

Целта е да се намали времето потребно за донесување тешки одлуки за офсајд, од сегашниот просек од 70 секунди на нешто поблиску до 15-20 секунди.

Сепак, Колина напомена дека дополнителната употреба на автоматизирана технологија нема да го направи традиционалното судење излишно.

„Слушнав и читав за судии роботи и слични работи - разбирам дека понекогаш тоа е многу добро за наслови, но тоа не е така“, рече тој.

„Судиите на натпреварите и натаму ќе бидат вклучени во процесот на одлучување бидејќи полуавтоматскиот офсајд дава одговор само кога играч кој бил во офсајд позиција игра со топката. Со други зборови, проценката за мешање на противникот останува одговорност на службеникот на натпреварот“.

„Кога само технологијата би била релевантна, веројатно наместо јас би имало инженер, кој би зборувал со вас денес“.

реклама

Во кои години жените имаат најголем сексуален нагон?

Read more

Босна има мал излез на море, но и една прекрасна плажа

Read more

Научници сакаат да го „оживеат“ изумрениот тасманиски тигар

Read more

Хороскопски знаци кои најдобро знаат како да уживаат во животот

Read more

Фудбал

Мурињо тргна по Белоти за убиствен напад

Read more

Рамос ги смирил Нејмар и Мбапе

Read more

Маск: Се шегував, нема да го купам Манчестер Јунајтед

Read more

Kлучната причина за катастрофата на Јунајтед: Глејзер извадиле огромна сума од клубот

Read more
 

Спорт

Дончиќ: На ЕвроБаскетот одиме по златото

Читај повеќе

Мурињо тргна по Белоти за убиствен напад

Читај повеќе

Рамос ги смирил Нејмар и Мбапе

Читај повеќе

Цеље убедлив против Бутел на Струшкиот ракометен турнир

Читај повеќе

Маск: Се шегував, нема да го купам Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Kлучната причина за катастрофата на Јунајтед: Глејзер извадиле огромна сума од клубот

Читај повеќе

Легендарниот Радивој Корач постхумно во Куќата на славните

Читај повеќе

НБА ќе паузира на 8 ноември поради избори

Читај повеќе

ГН на Австралија нема да биде прва трка во Формула 1 ниту во 2023

Читај повеќе