Филипче: Болниците имаат доволен капацитет за сместување на заразени пациенти

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Во болниците има доволен капацитет за сместување ковид пациенти, а празна е и модуларната болница, вели министерот за здравство Венко Филипче.

– Има сосем доволно. Повторно има под 100 пациенти вкупно во болницата 8 Септември, денеска втор ден по ред. На Клиниката за инфективни болести сè уште има слободни места, целосно е празна и модуларната болница и во сите други инфективни одделенја  има доволен број на слободни места. Нешто помалку има во Охрид и во Битола, но се менаџира тоа со секојдневната  комуникација и сосем добро и во другите градови, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање по денесшната средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“. 

Запрашан дали е остварливо и во наредниот месец да биде „крената рампата на ЕУ“ за македонските граѓани, со оглед на условот под 20 дијагностицирани дневно на 100.000 жители 14 дена по ред, Филипче рече дека важно е да се има увид во вистинската епидемиолошка слика за земјата и ќе се продолжи со актуелниот пристап на дијагностицирање со кој се откриваат и асимптоматски ностители на коронавирусот.

– Јас мислам дека не може само да се гледа апсолутната бројка на дијагностицирани  пацинети заради тоа што е многу битно како се стигнува до таа бројка на дијагностицирани пациенти односно дали се прави широко тестирање или се прави индикација дури и за контактите на заболените кои епидемиолозите одредуват дека се со висок ризик. Кога тие не би ги тестирале нема да откриеме толкав број на асимптоматски носители, апсолутната бројка ќе падне, можеби ќе се дозволи влез во некои други земји, но нема да имаме увид во вистинската епидемиолошката слика во нашата земја. Ќе  дозволиме да се случи пропуст, да шетаат луѓе коишто се асиптоматски носители на вирусот и ќе го шират вирусот и заразата. Затоа остануваме на овој принцип. Бројката како бројка ништо не значи, мора да се знае колкав процент од новодијагностицираните треба да бидат или се во болница, колку се со лесна клиничка слика и колку се асиптоматски. Во таа смисла ќе продолжиме со истиот пристап, истакна Филипче.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе