Филипче: Двајца починати и 16 новозаболени од коронавирусот

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче извести дека починаа уште двајца пациенти заболени од COVID-19.

Станува збор за 91-годишно лице и 31-годишен маж кои биле во тешка здравствена состојба. 

Пациентот на 91-годишна возраст осум дена бил во болница, додека пациентот на 31-годишна возраст вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.

Вкупниот број на новозаболени е 16 со што вкупниот број се искачи на 257. Со новите случаи до денеска COVID-19 починале шест лица.

На Инфективната клиника, додаде тој се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини

Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.

За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на коронавирусот, но министерот најави дека состојбата со нив ќе се следи.

За вчерашниот смртен случај во Струга министерот најави отпуштање на директорката на Охридската болница и ќе биде поставен нов директор, додека се истражува случајот за каков било направен пропуст.

Во тек е прес-конференцијата на која министерот дава најнови информации со состојбата со коронавирусот.

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе