Филипче: Кинеските вакцини се очекува да стигнат утре

Во текот на вечерните часови се очекува кинеските вакцини против COVID-19 да стигнат од Истанбул во Белград. По завршување на административните процедури ќе тргнат веднаш за Скопје и очекуваме да стигнат утре рано наутро, околу четири или пет часот. Но, верувам дека точно ќе знаеме кога ќе стигнат врз основа на тоа кога ќе се заврши таа процедура на белградскиот аеродром.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче по примопредавањето на мобилна клиника, донација од Турската агенција за координација – ТИКА.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Филипче рече дека процесот на имунизација оди добро, добро се спроведува, добро се идентификуваа досега групите и верува дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

-Сега се мултиплицира капацитетот практично во овие пунктови за масовна имунизација ширум државата, во шесте града, освен Скопје, кај што се салите практично спремни да ги прифатат. Кадарот веќе овие денови ќе има и проба за тоа како ќе се синхронизира работата на лекарите и сестрите од повеќе ЈЗУ од околните градови во регионалните центри. Во таа смисла мислам дека вакцинацијата добро се одвива, нагласи Филипче. 

Тој информира дека вчера во салата „Борис Трајковски“ дадени се нешто под 5.000 дози на вакцини, 4.800 како прва доза и ревакцинација, заради тоа што сега тие два процеси таму се одвиваат. 

-Верувам дека и во другите градови исто ќе се спроведува процесот на имунизација, дека правилно ќе се распределуваат вакцините согласно стратегијата, односно најголем дел за повозрасните граѓани, еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, а граѓаните од своја страна ќе покажат интерес што повеќе се пријавуваат на сајтот, заради тоа што тоа е најсоодветниот начин да се стигне до вакцината, објасни Филипче. 

Министерот Филипче соопшти дека се следи процесот на вакцинација и во околните земји и во некои европски земји и се согледуваат проблеми и предизвици се соочуваат кога станува збор за интересот за вакцинација. 

– Кампањите се еден значен момент и систем со кој ќе се зголеми интересот за вакцинација. Еден дел од кампањата е спремен, веќе се промовираше, ќе се амплифицира во текот на следната недела, очекуваме да започне и во следните недела или две и кампањата од страна на Владата, од Канцеларијата на Европската делегација, оној дел којшто е дел од помош од Светска Банка. Верувам дека во текот на мај силно ќе бидат видливи апелите и кампањите за граѓаните да аплицираат за вакцинација, рече Филипче. 

Прашан за метежот пред пунктовите за вакцинација, Филипче изјави дека тоа е нешто што може да се изменаџира и додаде оти не е нешто значајно. Апелираше граѓаните да доаѓаат во закажаните термини и смета дека тоа нема да го оптовари системот на имунизација.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе