Македонија

Филипче: Луѓето да не земаат терапија на своја рака

26. март 2020 - 8:25 | Кајгана

Министерот за здравство, Венко Филипче упати апел до граѓаните да не земаат терапија за коронавирусот на своја рака.

- Денес започнавме со терапија за Covid-19 кај двајца пациенти. Оваа терапија исклучиво се дава по препорака на лекар, никако да не се зема на своја рака, напиша министерот на неговиот Facebook профил.

Коментирај