Филипче: Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација

Скопје, 31 јули 2021 (МИА) – Откако неколку дена по ред состојбата со COVID -19 беше стабилна, вчера беа регистрирани 74 нови случаи. Сепак, надлежните уверуваат дека нема голем број на пациенти во болниците, а рестрикции се размислува да се воведат само за невакцинираните. Повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври.

Нема простор за паника, увери вчера министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека се размислува за рестрикции во есенските месеци, заради тоа што луѓето повеќе ќе бидат во затворени простории, а ќе се вратат и од годишните одмори.

Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

-Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции, рече Филипче.

Рестриктивните мерки во однос на барање тестови на граници, според министерот, не треба да се воведат.

Во меѓувреме, според надлежните, вакцинацијата во државата се одвива добро. Вакциналните пунктови во здравствените домови функционираат, и продолжува системот на ротација со теренската вакцинација.

Акцент е ставен на вакцинирање во секторот образование и здравство. Во здравство, близу 80 проценти од здравствените работници се веќе вакцинирани.

Во делот на секторот за образование, вакцинирани се околу 58 проценти од сите вработени во училиштата, а околу 60 проценти од вработени во градинките.

Со последните бројки, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Филипче смета дека до крајот на август, доколку продолжи ова темпо, вкупниот број вакцинирано население ќе достигне 40 проценти.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Од Министерството за здравство повторно апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Според министерот, никој сега во овој момент не може да претпостави дали вакцината против COVID-19 ќе биде сезонска, или ќе се дава и трета доза. Сепак тој верува дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираат количините за целата следна година.

-Верувам дека ќе имаме повеќе сознанија во месец септември и во октомври. Сите производители се на располагање и согласно препораки од експери за кои категории на граѓани која вакцина да се даде, рече Филипче.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистирани нови 74 случаи на COVID-19. Оздравени се 17, а починаа двајца пациенти.

Зголемен број на заболени од COVID-19 е регистриран во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на COVID-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројот на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493. Има вкупно 456 активни случаи.

Филипче уверува дека ситуацијата во болниците е прилично мирна, има многу мал број на пациенти кои што се хоспитализирани.

Во однос на зголемениот број на новозаболени од вчера, министерот рече дека денеска ќе бидат завршени епидемиолошките анкети, за да се види дали станува збор за лица кои патувале во странство.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе