Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Засега не се планираат дополнителни мерки за справување со ширењето на COVID-19 во однос на работата на угостителските објекти и групирањата преку ден на јавни простори, во паркови и на игралишта.

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите кажа дека за работата на угостителските објекти има протоколи што треба да се спроведуваат, како и ограничувања за групирањата на јавни простори.

Тој го пренесе апелот на Комисијата за заразни болести до инспекторатите да ги интензивираат контролорите за почитување на мерките.

„Засега не се предвидени нови рестриктивни мерки за угостителите, можно е и тоа да се случи. За угостителските објекти има протоколи и сè што треба е да се почитуваат. Инспекоратите и Комисијата за заразни болести апелираа, свесни се дека се на терен и под притисок, но колку може таа работа да се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не“, рече Филипче.

Според него, угостителските објекти работат со протоколи кои се сосема доволни и се врз основа на стандардните принципи за спречување на ширењето на болеста.

За групирањата на игралиштата и јавните простори, министерот за здравство рече дека исто така нема нови мерки, но потенцираше дека сите инспекторати сега имаат зголемени ингеренции и оти со интензивна работа сите тие протоколи може да се контролираат.

Комисијата за заразни болести предложи од среда во земјава да се воведе полициски час од 22 до 5 часот наутро за да се спречи ширење на новиот бран на COVID-19.

Освен ова засега други мерки, како викенд карантини и други рестрикции не се предвидени. Бројките на заразени со COVID-19 се зголемуваат во Скопје, Куманово, Прилеп.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе