Филипче: Од средината на октомври нова мерка - ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.

Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн.

– Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства од некои други земји од Западна Европа, САД, Канада итн. и тука се јасни препораките дека постарите граѓани, тие кои сакаме да ги заштитиме затоа што тие имаат и најголем број хронични болести се таа категорија граѓани кои после шест месеци од примена втора доза вакцина ќе можат да примат трета вакцина. Повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза. Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче.

Целта е, појасни министерот, да имаме што поголем процент на опфат со вакцинација кај нашето население, кое сега е околу 37% на тоталната популација.

– Граѓаните над 40 години се вакцинирани над 50%, меѓутоа сега интересот е на некој начин спласнат. Можно е во следниот период согласно новите препораките така како што ќе излегуваат и од регулаторните тела и исксуствата од другите земји и од студиите кои ќе излегуваат, да препорачаме трета доза и за други категории граѓани. Вирусот се шири најмногу кај невакцинираните граѓани. Над 86% од сите новодијагностицирани, тие пациенти кои се во болница, се невакцинирани. Огромен број смртни случаи се кај невакцинираните. Граѓаните мора да сфатат дека ова е единствениот начин да ги нормализираме животите, да се растовари здравствениот систем, а тие да го заштитат своето здравје, истакна Филипче.

Во врска со училиштата, потенцира дека тоа што го подготвуваат е на еден начин скрининг, имајќи предвид дека можно е децата да се и асимтоматски преносители на вирусот.

– И во таа смисла сега правиме план и со директорите на центрите за јавно здравје, на здравствените домови, кадарот, начинот на кој тоа ќе се направи, како да обезбедиме доволна бројка деца кои ќе се тестираат во сите училишта во сите градови, за да имаме еден пресек на состојбата врз основа на што можеби ќе пресретнеме и некои случаи кои се асимптоматски па ќе може да носиме некакви мерки и препораки. Дотогаш останува препораката дека согласно тоа дека има малку заболени деца тешко е да се каже дали има трансмисија во училиштата заради тоа што децата и после часовите често комуницираат, се дружат, одат на спортови итн, препораките остануваат исти, рече Филипче.

Во врска со незадоволството на хирурзите во Градската општа болница „8 Септември“, кои тврдат дека немале услови за работа, рече дека намален бил обемот на работа во сите јавни здравствени установи вклучувајќи ја и таа болница, заради тоа што голем дел од кадарот бил во систем на ротација се третираат пациенти со COVID-19.

Посочи дека разговарал со директорот на ГОБ „8 Септември“, ги искомуницирале лекарите кај кои има незадоволство заради начинот на работа.

– Дефинитивно има механизми сето тоа да се измени. Во текот на денешниот ден ги очекувам на состанок за да ги решиме сите проблеми. Верувам дека сето тоа ќе се реши и нзадоволството ќе спласне, додаде Филипче.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе