Филипче: Празниците можат да ја комплицираат епидемиолошката ситуација

Се соочуваме со бран кој е предизвикан од мутација на вирусот која е различна во однос на карактеристиките кои вирусот и бранот го имаше во ноември. Имаме голем број хоспитализирани пациенти, лекувањето трае подолго отколку минатата година и тоа создава дополнителен товар на сите болнички установи, на сите здравствени работници кои се целосно мобилизирани и учествуваат во лекување на овие пациенти, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Иако овие сегашни мерки ги стабилизираа бројките, не дозволија експоненцијален раст, посочи, во делот на хоспитализацијата пикот се надевам дека нема да има измени, беше на 31 март, 1 април, 2 април, сега нешто се намалува сепак огромна е бројката на новодијагностицирани, на хоспитализирани и тоа иако се намалена динамика, се кумулира и создава огромен притисок во болнциите“, изјави Филипче.

– Празниците кои доаѓаат дополнително може да ја комплицираат епидемиолошката ситуација и во таа смисла не сакаме да дозволиме во продолжение на целиот тој период се случи дополнително оптоварување на здравствениот систем, нешто што веројатно тогаш тешко би можеле да го изменаџираме. Во таа смисла се сите овие дополнителни рестриктивни мерки со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне, истакна Филипче на прес-конференцијата.

Посочи дека со тежок бран се соочуваат Србија, Црна Гора, Бугарија и многу земји од Средна Европа.

– Ги ангажиравме сите дополнителни капацитети во делот на болниците и активирани се модуларните ковид одделенија и сега почнува со работа ковид одделението во Битола. Иако има намалување на инциденцата во голем дел од градовите, има градови каде таа е сè уште висока како што е во Куманово, Битола, Кичево и Тетово. Сите дополнителни одделенија се скоро исполнети. Во функција е болницата во Козле, која е снабдена со кислород, обезбеден е кадар и се хоспитализираат пациенти, рече Филипче.

Појасни дека има клиничка слика на болеста која е различна од претходниот бран, хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходниот бран кога на 14 ден од лекувањето пациентот во најголем број случаи се сметаше дека е излекуван, сега и кај помлади пациенти имаме влошување на состојбата на 12, 13 и 14 ден од лекувањето на начин на една форма која ретко се гледа со драстично влошување на сликата на белите дробови и крвта која за жал често завршува со лош исход покрај сите третмани на лекување и терапевтски пристап.

Во врска со смртноста, рече дека таа е висока насекаде во регионот.

– На пример на милион жители во Црна Гора има 2078 смртни случаи, Босна – 2071, во Бугарија – 1967, Словенија – 1963, а кај нас 1891 смртни на милион жители. Има за жал и рекордни бројки на смртни случаи и во изминатите денови во Грција, Бугарија. Сите земји имаат голем број новодијагностицирани и хсопитализирани. За разлика од минатогодишниот просек од седум на вкуниот број дијагностицирани сега се хоспитализирани 11,12 проценти кај нас и согласно тоа и зголемен број смртни случаи, истакна Филипче.

Вчера беа регистрирани уште 35 починати, како и нови 734 случаи на COVID-19 од направени 3.246 тестирања. Бројот на починати од почетокот на пандемијата достигна 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

Во ковид-центрите низ државата се лекуваат вкупно 1.720 пациенти, а од нив 699 се во Скопје, додека 1.021 во другите градови.

Remote video URL

 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе