Филипче: Сериозен процент од новозаболените не знаат каде се заразиле

Сериозен процент од новозаразените едноставно не можат или не знаат да кажат каде се заразиле и во таа смисла таргетираме места каде што има групирање. Целта е да се носат маски, да се избегне групирање, сметаме дека со новите предлог-мерки влијаеме на повеќе фактори, на повеќе места да се намали ризикот од трансмисија на вирусот, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на бројките на новозаразени Филипче напомена дека кај нас, но и во регионот и во Европа се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи, што, како што посочи е нешто што се очекувало согласно есенскиот бран.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува воведување на полициски час, рече дека во моментов не се разгледува тоа прашање, но оти за во идниот период сите мерки стојат на располагање.

– Ние како Комисија не сме ги исцрпиле сите мерки што може да му ги предложиме на министерот. Во ниту една Европска дружава нема полициски час, освен во Франција. Дали во перспектива тоа може да се направи? Ние во моментов не размислуваме, меѓутоа епидемиолошки сме на идеја, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатаму, рече Караџовски.

Тој нагласи дека е факт оти мерките не се почитувале, посочувајќи дека во следните денови ќе се следи бројот на позитивни случаи со цел да бидат предложени нови мерки.

– Анализата на епидемиолошките податоци во последниве три дена кога имаме драстично зголемен број на позитивни лица укажува дека одредени настани кои што се случиле во нашето секојдневно опкружување се главниот промотор на поголем број на случаи, тоа значи настаните, тоа значи концертите, тоа значи забавите, се она што го видовме на телевизија, групирањето и непочитувањето на мерките или непочитување во таа смисла што никој не носеше маска, образложи претседателот на Комисијата.

Тој посочи дека имаме типичен есенски бран на COVID-19, што го предвиделе уште пред четири, пет месеци, но, според него овој есенски бран е дојден малку порано во смисла дека есенските услови не се такви да имаме групирање строго во затворен простор.

– Со доаѓањето на сезонскиот грип оваа шанса за зголемување на бројот поради групирање ќе биде поголема, нагласи Караџовски.

Тој упати апел до целата јавност строго да се почитуваат мерките со цел да се спречи ширење на епидемијата.

– Самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, уште 20 болници, сето тоа ќе се исполни брзо, а ние како што знаете работиме од март месец па навака, бараме помош од сите. Да ги почитуваме мерките заради фактот дека тоа го правиме заради нас, нашите најблиски нашите фамилии. Непочитување на мерките ќе не одведе до огромен број на заболени, ќе не одведе до преполнување на болничките капацитети, посочи Караџовски.

Тој реагираше и на фактот што во изминатиот период се одржуваат свадби и семејни веселби, иако тоа не е дозаволено.

реклама

Таксист нашол 300.000 евра и му ги вратил на сопственикот

Read more

Генијален трик за возачи: Одмрзнете ги прозорците за 10 секунди

Read more

Ова се најдобрите серии во последните 10 години

Read more

Филипче: Вратени на работа 40 медицински сестри

Read more

Македонија

Дневен ковид биланс: 1.039 новозаразени и 15 починати

Read more

Филипче: Вратени на работа 40 медицински сестри

Read more

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Read more

Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Read more

Вести

Дневен ковид биланс: 1.039 новозаразени и 15 починати

Читај повеќе

Филипче: Вратени на работа 40 медицински сестри

Читај повеќе

САД воведoa санкции против три руски компании

Читај повеќе

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Читај повеќе

Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Читај повеќе

Што правел Трамп од денот на претседателските избори?

Читај повеќе

Од Зимбабве секоја година илегално се изнесува злато вредно 1,5 милијарди долари

Читај повеќе

Кривична за сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот

Читај повеќе

Шпанија: На прослави за Божик и Нова година до 6 лица

Читај повеќе