Филипче: Верувам дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата.

Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики.

-Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и досега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега, истакна Филипче.

Одговорајќи на новинарски прашања по приемот на донацијата од 100.000 вакцини, а во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, Филипче не кажа дали би ја прифатил функцијата  – потпретседател на СДСМ ако му биде понудена.

Шекеринска: Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска уште еднаш повтори дека не треба да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период и тоа, како што истакна, се однесува на сите функции.

Шекеринска потврди дека останува во СДСМ. Не е од оние луѓе, рече, кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија само како фунционери.

На новинарско прашање дали ќе прифати друга функција и дали ако не добие ќе остане тука или сепак ќе замине во Вашингтон, Шекеринска одговори дека би било несериозно од едно место да се префрли на друго.

– Сето останато три години го слушам и никако да се случи. Би сакала малку повеќе да зборуваме за суштински, реални нешта, а помалку да губиме време на дезинформации и кујнски сплетки, истакна Шекеринска по приемот на донацијата од 100.000 кинески вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“.

Министерката потенцира дека во СДСМ била активна и како член во раководството и без.

-Верувам во работа и сработено, а не во функции. Не мислам дека треба да помогнеме на државата само ако носиме значка на функционер, партиски или државен, рече Шекеринска.

Во однос на одбраната, каде што е прв човек, Шекеринска рече дека се исполнети двете клучни цели, членството во НАТО и подобрувањето на условите во Армијата, но преостанува, како што подвлече, уште многу работа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе