Филипче: Во овој момент нема потреба од други дополнителни рестрикции

Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) – Во овој момент освен препораките од минатата недела нема потреба од други дополнителни рестрикции поради COVID-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на минатата недела, посочи министерот, препорачавме да нема собири со повеќе од четири лица после 22 часот, да нема собири со повеќе од четири лица во домашни услови, нешто што го имплементираат и други европски земји и препораката за носење маска на отворено заради тоа што сметаме дека тоа е мерка што ќе влијае да се намали овој бран со кој сега се соочуваме.

– Од формално правен аспект треба да се промени законот, заради тоа што сите овие мерки вклучително и носење на лична заштитна опрема на отворено се регулираше со уредба со законска сила која се донесе при крајот на вонредната состојба. За да може ова да се спроведе и за да може институциите да го контролираат иако не се спроведува да го санционираат мора да се направи законска измена. Најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура, рече Филипче.

Потенцира дека ја кажале нивната препорака во смисла и гледано низ призма на заштита на здравјето и дека тоа е нешто што тие веќе го прават во Владата со Zoom седниците, преку Zoom платформата итн.

– Никако не треба да се сфати платформата како обид да се компромитира било кој капацитет на Собрание… Нека утврдат службите, нека се каже од законодавно-правен аспект гледано дали сето тоа може да се спроведе. Технички верувам дека може да се изведе. Исто така верувам дека се сите свесни дека во периодот што доаѓа, приоритет ќе биде заштита на здравјето. Секогаш ќе се случи дали ќе биде инфекција од надвор да има некој заразен. Мора да бидеме свесни во сите организации, тоа е во нашите препораки уште на почетокот – кој може да работи од дома тоа да го прави. Јас верувам дека ќе ги разгледаат сите аспекти и дека сепак ќе стават приоритет на заштита на здравјето дека може вака да функционираат сите институции, вклучувајќи го и Собранието, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на производствениот капацитет на првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе