Министерот за здравство, Венко Филипче, излезе со поддршка за премиерот и сопартиец Зоран Заев кој се соочува со лавина напади по вчерашното скандалозно интервју дадено за бугарска телевизија.
„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитејќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, напиша Филипче во објава на Facebook.