Филипче: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, акцентот да се стави на вакцинацијата

Во моментов ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита од оние кои веќе се на сила. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.

Тој информира дека според информациите со кои располага во лабараториите во земјава не е секвенциониран нов случај на делта сој на коронавирус освен постојните. Но, рече, од МАНУ го информирале дека има 4 случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафричкиот сој.

– Политиката на рестрикции и затворања беше практика во времето кога немавме вакцини, а сега треба да се фокусираме на вакцинирањето за да не живееме во рестрикции, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Тој додаде дека подготовките за теренска вакцинација се при крај и оти наскоро се очекува и објавување на распоредите за нејзино спроведување.

– Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и во Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно, рече Филипче.

Тој додаде дека сите вируси, особено РНК вирусите многу мутураат и оти може да се очекуваат и нови мутации освен постојните. Тоа, нагласи, не значи дека треба да се затвораме и да има рестрикции, туку масовно да се вакцинираме за да кој било следен бран го дочекаме подготвени, бидејќи некои од предвидувањата се дека оваа состојба може да потрае, иако не може да се каже со сигурност.

Министерот Филипче истакна дека досега се вакцинирани околу 50% од лицата над 70 години, околу 40% од лицата над 60 години, затоа, според него, сега треба да се стави акцент и на помладите лица.

Тој најави декеа денеска во земјава треба да пристигнат 100 илјади дози вакцини AstraZeneca донација од Грција.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе