Анимираниот филм „Tom and Jerry“ на Warner Bros. заработи 13.7 милиони долари од премиерното прикажување во киносалите низ Северна Америка, сигнализирајќи дека има надеж за филмската индустрија во време на пандемијата.
„Tom and Jerry“, во режија на Тим Стори, премиерно беше прикажан во 2.475 киносали низ Северна Америка.
Според Comscore, околу 42% од киносалите биле отворени. Филмот беше премиерно прикажан и на HBO Max стриминг сервисот, каде ќе биде достапен 31 ден.
Почнувајќи со новиот филм за „Wonder Woman“, Warner Bos. досега премиерно прикажа 18 филмови истовремено во киносалите и на HBO Max.
На второто место со најголема заработка во текот на изминатиот викенд е „The Croods: A New Age“ со 1.2 милиони долари, додека на третото место е „The Little Things“ со 925.000 долари.