Филмови, концерти и претстави на зелените покриви во Скопје

Филмски проекции, концерти и театар ќе има овој месец на зелените покриви во главниот град. Ќе ги организира Град Скопје кој најавува богата културна програма во викендите со почитување на здравствените протоколи за настани на отворено.

На зелениот покрив на Домот на градежниците, Младинскиот културен центар вечер ќе организира музичка програма и кино на отворено – во 19 часот со диџејски сет ќе настапи Фиц од „Студени нозе“, а во 21 часот ќе биде прикажан филмот „Ефектот на среќата“ на режисерот Борјан Зафировски. Влезот е слободен, со претходно подигнат бесплатен билет преку bileti.mkc.mk.

Град Скопје најави содржини и за наредниот викенд – на зелениот покрив на ГТЦ ќе се одржи „Театарски викенд на отворено“ во организација на Театар Комедија и ГТЦ.

Театарскиот викенд ќе почне на 11 јуни (петок) со претставата „Вечера за глупаци“, наредниот ден (12 јуни) ќе биде изведена „На отворено“, а на 13 јуни – „Чао пријатно!“. Претставите ќе се играат на отворени сцени кај петтата фасада на ГТЦ и на Зелениот покрив на ГТЦ, со почеток во 21 часот. Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Театар Комедија, секој ден од 10 до 18 часот.

– Зелените покриви во центарот на Скопје, покрај тоа што придонесуваат за разладување и спуштање на жешките летни температури во градот, како и за намалување на загадувањето во воздухот, периодов стануваат дестинација за голем број различни културни настани, соопшти Град Скопје. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе