Филмскиот фестивал во Венеција почна под маски
Интернационалниот филмски фестивал во Венеција почна во необична атмосфера откако глумците и глумиците под маски позираа на црвениот тепих.
Синоќа почна 77. издание на популарниот фестивал кој годинава ќе трае до 12-ти месецов. Ова издание ќе биде во знакот на европскиот филм откако поради пандемијата со коронавирусот многумина холивудски актери и филмови мораа да го откажат учеството како последица на рестрикциите за патување од САД во Европа.