Финансиска поддршка за приватните фирми за исплата на плати за вработените

Финансиска поддршка за компаниите од приватниот сектор за исплата на плати за вработените во висина на минимална лата од 14.500 денари за април и мај и 50 проценти субвенционирање на придонесите за плата се дел од вториот пакет мерки што денеска ги презентираше Владата за ублажување на последиците од коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата информира дека ќе биде отворена посебна владина програма за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата.

– Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштита на работните места и на работниците во услови на криза, истакна Спасовски.

Услови за да се користи оваа мерка е компаниите да немаат исплатено дивиденда, бонуси, годишни награди и награди за деловна успешност и да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за фирмите кои вршат сезонска дејност.

– Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со септември 2020 година. Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020. За останатите, враќањето е лимитирано до износ од 50 проценти од добивката пред оданочување зголемена за оданочовените расходи, рече Спасовски.

Една од мерките која се однесуваат на работниците и работодавачите е задолжително доискористување на годишниот одмор од минатата година заклучно со 31 мај годинава.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе