Финска прогласи вонредна состојба поради зголемен број на заразени

Финската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите со COVID-19, чекор што ќе овозможи оваа нордиска земја да ги затвори училиштата и рестораните и да воведе други мерки за запирање на пандемијата.

Одлуката е донесена во време кога нови варијанти на вирусот придонеле за раст на инфекции во земјата, која веќе ги затвори границите. Вонредната состојба, исто така, ќе овозможи на Владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.

„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин на прес-конференција.

Неколку фински региони забележаа брз пораст на случаи на коронавирус во последните две недели, особено кај скијачите во Лапланд и работниците на бродоградилиштата и градилиштата.

Финска е една од европските земји најмалку погодена од коронавирусот.

Во Финска, од почетокот на пандемијата се пријавени 58.064 случаи на COVID-19 и 742 смртни случаи, додека 210 лица во моментов се хоспитализирани. 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе