Фирми земале субвенции а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште: Трипуновски за скандалите од времето на Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството.

Народот, појасни Трипуновски, покрај тоа што виде како работеше Николовски, денеска ќе има можност и да слушне што се случувало во Министерството.

На денешната прес-конференција тој обзнани како одредени правни лица надвор од сите прописи земале државни пари.

„Правното лице 'Ар експорт ДООЕЛ Увоз Извоз' од Струмица преку Министерството за земјоделство му било дозволено да земе противправно околу 30 милиони денари за субвенции. Министерството од 2019 до 2022 година со фирмата од Струмица има склучено вкупно 19 договори за вкупна површина од 1.416 хектари. По извршениот увид од страна на Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека за 11 договори со површина од 941 хектари не се почитувале одредбите од страна на закупецот и требало да бидат раскинати. Врз основа на овие договори закупецот од Агенцијата за финансиска поддршка остварил приход по основ на субвенции од 485.000 евра“, посочи Трипуновски.

Дополнително, како што појасни, закупецот требало преку бизнис план кој го понудил до Министерството да инвестира над 2 милиона и 450 инвестиција на предметното земјиште, а во моментот на контрола имало инвестиција од околу 300.000 евра а инспекторите констатирале дека закупецот немал платено и закупнина за неколку години, со што дополнително го оштетил буџетот во износ од 60.000 евра.

Како втор случај го посочи правното лице „ДЗС Илинден“ со кого, како што информираше, Министерството склучило закуп на времетраење од 30 години на површина од 1.604 хектари, но подоцна со анекс, површината се намалува на 945 хектари државно земјиште.

Во 2019 година бил поведен судски спор за неплатен закуп за 3 години, по што подоцна било донесено решение за еднострано поништување на договорот за закуп. Но, и по раскинување на договорот според Трипуновски, Министерството не ја испочитувало одлуката и не доставило примерок од изјавата до Агенцијата за катастар, а на закупецот и по раскинување на договорот му биле исплаќани субвенции во износ од над 19 милиони денари.

„Ова ја отвора дилемата дали овие пропусти од страна на институциите се шема за испумпување на пари од државниот буџет. Ова се само два случаја поткрепени со цврсти докази кои потврдуваат дека системот и институциите се целосно разурнати, но покажува и недомаќинско и криминално работење од страна на претходното раководство на СДСМ и Николовски. Институциите мора да работат во служба на граѓаните и затоа го повикувам Јавното обвинителство веднаш да постапи и да истражи, која била целта и зошто се дозволило овие два правни субјекти да добијат огромна сума на пари иако Министерството и другите надлежни институции требало навремено да реагираат. Никој не смее и не може да биде над законот“, прецизира министерот за земјоделство.

реклама

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Read more

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Read more

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Read more

Македонија

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Read more

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Read more

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Читај повеќе

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Читај повеќе
  • play_arrow

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Читај повеќе

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Читај повеќе

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Читај повеќе

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Читај повеќе
  • filter

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: Десетици повредени

Читај повеќе

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Читај повеќе