Фјури: Готово е, не се враќам во рингот ниту за пари, ниту за слава

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во WBC верзијата, Тајсон Фјури, ја отфрли можноста за враќање во рингот. Тој изјави дека славата и богатството не можат да го поттикнат да се врати на боксот.

Фјури во саботата ја одбрани шампионската титула, откако со аперкат го нокаутираше Дилан Вајт, а потоа на навивачите им кажа дека тоа беше негова последна борба.

 „Мислам дека ова, сепак, беше последната борба на „Кралот на Ромите“. Тоа ѝ го ветив и на сопругата. Ми се пружи шанса да се борам тука, на „Вембли“ и тоа му го должев на секој навивач и на секој Британец. Сега и тоа го исполнив и ова навистина е идеален момент да се спушти завесата“, изјави 33-годишниот Фјури по победата.

Но, неговата сопруга Парис подоцна изјави дека тој би можел да се врати во рингот ако е во прашање борба за обединување на титулите.

Сепак, Тајсон ја отфрли и таа можност.

„Јас завршив со боксот и тоа е вистината. Среќен сум, здрав, сè уште имам мозок и можам да зборувам. Имам убава сопруга, шест деца, шампионски титули и појаси, пари, успех и слава. Што повеќе ми треба од тоа?“, изјави Тајсон Фјури во емисијата на Пирс Морган на Fox Nation.

Во текот на кариерата, Фјури има остварено 32 победи и еден нерешен резултат.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе