Фјури спектакуларно ја одбрани титулата светски првак

Британскиот боксер Тајсон Фјури (33) ја одбрани светската титула во тешка категорија откако го нокаутира Американецот Дионтеј Вајлдер (35) во 11-тата рунда во спектакуларна борба за WBC појасот, во T-Mobile Arena во Лас Вегас.

Според експертите, Фјури беше голем фаворит на овој натпревар, но борбата пред 20.000 гледачи беше возбудлива и напната до крајот.

Вајлдер го отвори мечот малку подобро и беше поактивен во првата рунда, но Фјури возврати во втората, удирајќи го со одлично десно кроше.

Третата рунда беше феноменална со неколку одлични размени. Прво Вајлдер погоди брилијантно кроше, но на крајот од рундата Фјури возврати маестрално со десно кроше, погодувајќи го Вајлдер во центарот на рамнотежата и испраќајќи го на подот. Сепак, гонгот го спаси Американецот кој беше видно потресен.

URL

Во четвртата рунда следеше уште поголема возбуда. Иако Вајлдер се потресе, тој одеднаш најде сила и со феноменален удар во челото го испрати Фјури на подот.

До крајот на рундата, Американецот уште еднаш брилијантно го погоди Британецот, на кого судијата повторно му броеше, но и тој беше спасен со звукот на ѕвоното.

URL

Во петтата и шестата рунда, сепак, Фјури се консолидираше и ја контролираше борбата со удари од далечина, со неколку прецизни директи и крошеа.

Фјури доминираше во седмата рунда, и со одлична комбинација повторно го затресе Вајлдер, кој едвај се држеше во тие моменти.

Осмата рунда беше прилично изедначена, и двајцата боксери останаа без енергија. Во деветтата, двајцата боксери изведоа одлични удари, а Вајлдер беше малку подобар.

Во десеттата рунда Фјури беше фуриозен на почетокот, испраќајќи го Вајлдер повторно на подот, но Американецот одби да се предаде. Тој возврати со серија силни удари на крајот од рундата, но гонгот го спаси „Циганскиот крал“.

Конечно, во 11-тата рунда сѐ беше готово. Фјури брилијантно го погоди Вајлдер и судијата мораше да го прекине феноменалниот натпревар кој ќе се памети долго време.

URL

Интересно е и тоа што и двајцата боксери влегоа во овој дуел со најголеми тежини во кариерата. Фјури на официјалното мерење тежеше дури 126 килограми, а Вајлдер 108 килограми.

Фјури сега има 31 победа (22 со нокаут) и реми против Вајлдер во кариерата, додека Американецот покрај тоа реми го претрпе и вториот пораз од Фјури, а оствари и 42 победи (41 со нокаут).

Да потсетиме, ова беше нивна трета борба која првично беше планирана во јули оваа година, но Фјури мораше да ја откаже борбата поради коронавирусот.

Вајлдер и Фјури ја одржаа својата втора борба во февруари 2020 година. По ремито во првиот меч, Фјури тотално доминираше со Вајлдер и го совлада со технички нокаут во седмата рунда од борбата.

Популарниот „Цигански крал“ со тоа потврди дека е најдобриот боксер на денешницата, а во блиска иднина може да очекуваме борба за обединување на појасите.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе