Фолклорни игри под Шара во Тетово

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово денеска во големата сала на Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово ќе ја одржи четвртата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. Манифестацијата ќе започне во 17:00 часот со дефиле на културно-уметничките друштва по улиците на градот, а свечениот концерт е закажан за 19:00 часот.

„Манифестацијата има мултиетнички карактер на која на едно место се претставува фолклорот на народите кои живеат во пазувите на Шар Планина. На годинешната манифестација, како и на претходните три изданија, својот фолклор го претставуваат културно-уметнички друштва кои делуваат во Тетово и околните населени места. На сцената ќе продефилираат народните носии на Македонците, Албанците, Турците и Србите“, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Народните игри на Македонците и Србите ќе ги претстават членовите на домаќините, КУД „Бранко Чајка“ кое што делува во состав на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово. Покрај ова друштво пред тетовската публика ќе настапат КУД „Брвеница“ од Брвеница со македонски фолклор, КУД „Џеладин Зеќири“ од Тетово со албански фолклор, КУД „Јени хајат“ Тетово со турски фолклор како и Вокалниот ансамбл „Распеани кичевчани“ од Кичево.

Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ претставува проект од национален интерес во културата за 2024 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија од областа на фолклорот.

Тагови
реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Финансиски хороскоп за јули 2025: Кој ќе отплати стари долгови?

Read more

Култура

Гала концерт на отворено Од #MOБ за Скопје

Read more

Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет заедно веруваат во иднината – потпишан договор за соработка

Read more

Проекција на 7 кусометражни играни филмови во Кинотека

Read more

Стефан Спасовски ја промовира дебитантската поетска збирка „Ќумур смоквин млеч“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Читај повеќе

Пуч во Хеброн или пропаганда: Палестински шеици предлагаат основање емират и признавање на Израел

Читај повеќе

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Читај повеќе

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Читај повеќе

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Читај повеќе

Полска воведува контроли на границите со Германија и Литванија поради страв од миграција

Читај повеќе

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Читај повеќе

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Читај повеќе

Прва жртва од пожарите во Скопско

Читај повеќе