Иван Додиг и Марсело Мело се пласираа во полуфиналето на машките парови на АТП турнирот од Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс откако во четвртфиналето ги победија Италијанците Фабио Фоњини и Лоренцо Сонего.
Во текот на мечот беа видени две непријатни ситуации за бразилскиот тенисер, двете по заслуга на Фоњини.
Мело двапати беше погоден во меѓуножјето. Првиот пат во вториот гем на мечот, а вториот пат во деветтиот гем на вториот сет по што веројатно и самиот зачуден како може тоа да се случи, Фоњини подигна стисната тупаница во воздух и со насмевка тргна да го прослави поенот.
Додиг и Мело во полуфиналето ќе се сретнат со Џон Пирс и Филип Полашек.