ФОРМУЛА 1 2024

Формула 1 на ова чекаше 43 години

Ф1
Макфакс
/ 30.10.2024 / 14:43

Возбудливата сезона во Формула 1 доби нов заплет во Мексико каде Карлос Саинс победи по втор пат оваа сезона и ја направи борбата за шампионската титула уште покомплицирана и во конкуренција на возачи и во конструктори.

Брилијантниот старт на Верстапен во оваа сезона навестуваше дека Холанѓанецот лесно ќе дојде до нова шампионска титула. Сепак, тоа не се случи. По последната победа на Ред Бул во Шпанија имавме четири различни победници, Верстапен победи седум пати, по еднаш славеа Саинс, Норис и Леклер.

Но, она што се случи по Шпанија беше сè освен очекувано на многу начини. Прво, Ред Бул се во серија од 10 трки без победа, што се нема случено од 2014 и 2015 година кога имаа низа од 30 трки без победа.

Второ, добивме уште три различни победници од трката во Австрија, со што вкупниот број на победници се искачи на седум. Ова се нема случено од 2012 година кога осум различни возачи беа на највисокото скалило на подиумот.

Но, последното нешто што отиде уште подалеку во минатото е бројот на возачи со најмалку две победи, по победата на Саинс во Мексико сега е шест: по две Ферари (Леклер и Саинс), Мекларен (Норис и Пјастри), Мерцедес (Хамилтон) и Ред Бул (Верстапен).

Последен пат таква ситуација беше во 1981 година, кога исто така шест возачи имаа најмалку по две победи, првите петмина и седмопласираниот во генералниот пласман таа сезона.

Тоа беа шампионот Нелсон Пике, кој ја освои својата прва од трите титули, Карлос Ројтман, шампионот од 1980 година Алан Џонс, Жак Лафит, Ален Прост и Жил Вилнев кој беше седми.

Покрај споменатите шест возачи победи и Џон Вотсон, така што вкупниот број на победници е седум, како и во 2024 година.

Но, во 1981 година беа возени само 15 трки, додека возачите во 2024 година веќе извозеа 20 трки и имаат уште четири пред крајот, што ги прави шесте двојни победници од 1981 година уште поневеројатни.

Следната трка од овогодинешниот шампионат се вози веќе овој викенд за Големата награда на Бразил во Саун Паулу.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Ф1

Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Read more

Верстапен прв ќе стартува во Мајами

Read more

Младиот Антонели испиша историја со сензационална победа во Мајами

Read more

Шумахер потпиша кацига: Дали ќе го видиме наскоро?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Читај повеќе

Ракитиќ ќе се пензионира

Читај повеќе

Дрес на Мајкл Џордан од 1993 година продаден за 2,6 милиони долари

Читај повеќе

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Читај повеќе

Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Читај повеќе

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Читај повеќе

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе