Forza во борба со КОВИД-19 преку различни иницијативи за помош на општеството

Во услови на пандемија со коронавирус, кога човештвото се соочува со еден од најголемите предизвици досега, хуманоста и солидарноста на компаниите се од исклучително значење, со цел кризата да се преброди што побрзо и со што е можно помали последици.

Токму затоа, Digital Finance International - Скопје, чии брендови се Forza и Kreddy, како општествено одговорна компанија, одлучи преку серија на иницијативи и активности да помогне за полесно справувањето со пандемијата во овие исклучително тешки времиња.

Имено, во знак на благодарност кон медицинските работници кои ги ризикуваат своите животи во борбата со КОВИД-19, а воедно и сите оние кои се во првите борбени редови против пандемијата, компанијата донираше медицинска опрема како директна помош за Министерството за здравство. Донацијата се состоеше од респираторни маски за вкупно 750 здравствени работници, а сумата беше обезбедена преку создавање на посебен фонд од страна на компанијата, во кој во текот на минатиот месец редовно се собираа средства од секоја отплата направена од страна на клиентите на Forza и Kreddy.

Покрај оваа донација како директна помош, во знак на солидарност со ранливите категории граѓани кои се соочуваат со последиците од економската криза како резултат на пандемијата, компанијата соопшти уште една олеснителна мерка со која и индиректно помага на општеството, а тоа е отпишување на пеналите за ненавремено подмирување на долговите за повеќе од 2000 клиенти на Forza и Kreddy кои во потполност го имаат исплатено преостанатиот долг, а се од загрозена категорија или пак имаат потреба за тоа.

„Со оваа донацијата за Министерството за здравство, би сакале пред сѐ да изразиме неизмерна благодарност до сите здравствени работници, но и сите други кои го ставаат своето здравје во ризик со цел да се одржи нормалното функционирање на општеството. Искрено се надевам дека со оваа помош барем малку ќе можеме да придонесеме за полесно справувањето со здравствената криза од која сме погодени сите. Истовремено, имајќи предвид дека оваа криза зазема сѐ поголем замав и од економски аспект, верувам дека со отпишувањето на пеналите на нашите клиенти, дополнително го олеснуваме нивниот вкупен долг и излегуваме во пресрет на некои од најпогодените од кризата. Сакаме да им порачаме на сите дека Forza и Kreddy се на Ваша страна, и оваа криза заедно ќе ја пребродиме, излегувајќи од неа посилни и поподготвени за новите предизвици кои ни претстојат“, изјави Елизабета Сиљановска, генерален директор на Digital Finance International - Скопје.

Дополнително, со цел да им помогне на граѓаните за полесна отплата на кредитот во овој кризен период, Forza воведе и уште еден новитет, односно својата нова програма „Препорачај го Форца кредитот“. Програмата функционира на тој начин што клиентите имаат можност Forza кредитот да го препорачаат на свој пријател, со што и двајцата добиваат по 1000 денари на својата сметка кои може да се искористат за следната отплата на кредитот. На овој начин, Forza на своите членови и корисниците на „loyalty“ програмата, им нуди уште една можност за полесна отплата на долговите за кредит, услуга која е од особено значење за полесно справување со кризата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе
  • filter

29 март 845: Рагнар и Викинзите го нападнале Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе