Фото-патување: Како изгледа секојдневниот живот во Мозамбик?
Искрената реалност од секојдневниот живот е моќна инспирација за уличните фотографи. Еден од нив е Грегори Есканде, талентиран фотограф и наставник по француски јазик, кој ги доловува веселите моменти, како и тешкотиите на луѓето што живеат во Мозамбик, која се смета за една од најсиромашните земји во светот.
Роден во Шпанија и израснат на југот на Франција, Есканде се преселил во Африка пред 20 години и избрал да има „студио на улица“ за да создаде прекрасен и автентичен портрет на главниот град на Мозамбик преку живописни и впечатливи фотографии.