Концепт за електричната иднина: Dacia Hipster
Со новиот концепт, Dacia се впушти во развој на ново електрично возило за масите.
Заборавете на закривените линии. Hipster е буквално кутија на тркала, и само Dacia знае дали и до кој степен е магичен. Со оглед на неговите три метри должина и количината на простор што ја нуди, многумина ќе се сомневаат во магијата.
Dacia е позната по автомобилите што не ги следат трендовите, туку создаваат свои. По популарните Bigster-и, брендот сега претстави сосема неочекуван концепт. Hipster е минијатурен електричен автомобил кој се спротивставува на дизајнот што го наметнуваат најголемите автомобилски играчи денес во секој детаљ.
Овој мал автомобил буквално изгледа како играчка. Само 3 метри долг, 1,55 метри широк и 1,53 метри висок, тој е вистински кубоид кој е уште помал по големина од повеќето јапонски кеи автомобили. И покрај скромните димензии, има четири седишта и багажник од 70 литри кој може да се прошири до 500 литри со преклопување на задните седишта.
Повеќе прочитајте ТУКА.