Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

11 мај 1904, роден е шпанскиот сликар Салвадор Дали

На денешен ден, 11 мај, во 1904 година е роден Салвадор Дали, шпански сликар и еден од најзначајните претставници на надреализмот.

Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој рекол дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.

Дали посетувал сликарско училиште. Во 1916, Дали исто така го открил правецот на модерното сликање додека бил на одмор со фамилијата на Рамон Пишот, локален уметник кој постојано патувал во Париз. Следната година, таткото на Дали направил изложба на неговите дела во нивниот дом. Неговата прва јавна изложба била во Фигерас во 1919.

Во 1929 година, Дали ја сретнал и својата муза, инспирација и идна сопруга Гала, родена како Елена Ивановна Диаконова, руски имигрант.

Истата година, Дали имал важни изложби и официјално се приклучил кон надреалистичката група во Монтпарнас во Париз (иако неговата работа веќе била под влијание на надреализмот веќе две години).

Цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се вратил во Шпанија и работел комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики извршил големо влијание врз низа уметници од целиот свет.

Уметност

11 мај 1904, роден е шпанскиот сликар Салвадор Дали

Read more

21 ноември 1898, роден е сликарот Рене Магрит

Read more

Како би изгледале логоата на брендовите доколку постоеле во средниот век?

Read more

6 јули 1907, родена е мексиканската сликарка Фрида Кало

Read more