11 ноември 1944, Куманово било ослободено
На 11 ноември 1944 година, по долга и крвава народноослободителна и антифашистичка борба со балистичките и четничките формации, градот Куманово бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
Народно-ослободителната борба (НОБ) на Македонија е вообичаениот термин за борбата за ослободување на Македонија од окупаторските сили во текот на Втората светска војна. НОБ започнал на 11 октомври 1941 година со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп („Участокот“, сега Меморијален музеј „11 Октомври“), а завршил со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година.
По ослободувањето Куманово доживеало брз стопански, административен и културен развој. Денес е втор по големина град во Македонија, со 75 илјади жители.