Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

13 март 1781, астрономот Вилијам Хершел ја открил планетата Уран

На денешен ден, 13 март, во 1781 година, англискиот астроном со германско потекло сер Вилијам Хершел неочекувано ја открил седмата голема планета на Сончевиот Систем, која го добила името Уран.

Уран бил забележан во многу прилики пред неговото препознавање како планета, но генерално погрешно бил толкуван како ѕвезда. Најверојатно најраното познато набљудување било од страна на Хипархос, кој во 128 п.н.е. можно е да го запишал како ѕвезда за неговиот каталог на ѕвезди, кој подоцна бил инкорпориран во Алмагест на Птоломеј. Најраното дефинитивно видување беше во 1690 година, кога Џон Фламштед го набљудувал најмалку шест пати, каталогизирајќи го како 34 Бик. Францускиот астроном Пјер Чарлс Ле Моние го забележал Уран најмалку дванаесет пати помеѓу 1750 и 1769, вклучувајќи и четири последователни ноќи.

Како и класичните планети, Уран е видлив со голо око, но никогаш не бил признат како планета од старите набљудувачи поради неговата темнина и бавна орбита. Сер Хершел го објави своето откритие на 13 март 1781 година, проширувајќи ги познатите граници на Сончевиот Систем за првпат во историјата, со што Уран стана првата планета откриена со телескоп.

Уран има трет по големина планетарен полупречник и четврта по големина планетарна маса во Сончевиот Систем. Уран е сличен по композицијата на Нептун, и обата имаат хемиски состав што се разликуваат од оние на поголемите гасовити џинови Јупитер и Сатурн. Поради оваа причина, научниците често ги класифицираат Уран и Нептун како „ледени џинови“ за да ги разликуваат од гасните џинови. Урановата атмосфера е слична на Јупитер и Сатурн во својот примарен состав на водород и хелиум, но содржи повеќе елементи како вода, амонијак и метан, заедно со траги од други јаглеводороди. Тоа е најстудената планетарна атмосфера во Сончевиот Систем, со минимална температура од 49 K (-224 °C; -371 °F) и има комплексна, слоевита облачна структура со вода за која се смета дека ги сочинува најниските облаци и метан кој ги исполнува највисоките облаци. Внатрешноста на Уран е главно составена од мраз и камен.

Уран е единствената планета чие име е изведено директно од фигура од старогрчката митологија, од латинската верзија на грчкиот бог на небото Уранас.

Вести

11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба

Read more

10 април 1953: Прикажан бил првиот 3D филм во боја

Read more

9 април 1873: Во Велес стигнал првиот воз од Солун

Read more

8 април 1994: Пронајдено безживотното тело на Курт Кобејн

Read more