18 август 1940: Најтешкиот ден од Битката за Британија
Битката за Британија помеѓу воздушните сили на Обединетото Кралство и нацистичка Германија траела година дена, но денешниот бил најтешкиот за двете страни, според бројот на загинати.
Од јули 1940 до јуни наредната година траела познатата Битка за Британија во која хитлеровата авијација им нанела огромни штети на британските градови, но на крајот завршила со победа на Британците.
На 18 август се случила најголемата битка која резултирала со 68 соборени воени авиони на Кралската авијација и 69 на германскиот Луфтвафе. Токму овој ден Британците го нарекле „The hardest day“.
Битката била толку тешка и исцрпувачка што во наредните недела дена двете страни не извршиле ниту еден напад.