Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Филип II
Олимпија
Александар го одврзува гордиевиот јазол
Мозаик на Александар во битка со персискиот крал Дариј
Проекција како веројатно изгледал Александар
Македонското кралство на Александар
Погребната поворка на Александар
реклама

21 јули 356 п.н.е.: Се родил Александар Македонски

На денешен ден* во Пела, тогаш главен град на Македонија, се родил престолоследникот на кралот Филип II и епирската принцеза Олимпија. На истиот ден генералот Парменион извојувал победа против сојузот на Илирите и Пеонците, а храмот на Артемида во Ефес изгорел, што ги толкувале како знаци за големината на детето.

Александар станал крал на Македонија на само 20 години откако татко му бил убиен од страна на својот телохранител Павсаниј. Сите околу македонското кралство го потцениле младиот крал и се кренале на бунт. Прво ги поразил Траките, па Илирите, а потоа и Хелените.

Потоа го остварил големиот сон на неговиот татко, освојување на непобедливата Персија. Александар го создал најголемото кралство во античкиот свет, од Јадранското Море до Индија, од Египет до Централна Азија. Никогаш не бил поразен во битка, но починал на само 32 години во Вавилон, веројатно од маларија, иако има разни теории меѓу кои и онаа дека бил отруен. До ден денес не се знае каде е закопан откако на неговиот гроб во Александрија му се губи трага во V век.

*Точниот датум сепак останува неодреден. Роден бил на шестиот ден од месецот лоос според старомакедонскиот календар, месец кој кореспондирал со хеленскиот месец хекатиомбајон и според кој датумот е 20 или 21 јули.

Вести

5 септември 1664, Нов Амстердам стана Њујорк

5 септември 1664, Нов Амстердам станал Њујорк

Read more
4 септември 1970, револуционерот Салвадор Алјенде доаѓа на власт во Чиле

4 септември 1970: Револуционерот Салвадор Аљенде дошол на власт во Чиле

Read more
3 септември 1189, крунисувањето на Ричард I Лавовско Срце

3 септември 1189: Крунисувањето на Ричард I Лавовско Срце

Read more

2 септември 1945: Завршила Втората светска војна

Read more