Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Брајан Бору на почетокот од битката
Кралствата на Ирска во 1014 година
Брајан Бору
Ирскиот крал Брајан Бору
Знамето на Брајан Бору
Спомен-плоча на местото каде бил погребан Брајан Бору
Брајан Бору
реклама

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Во долга Битка за Клонтарф помеѓу војската на ирскиот крал Брајан Бору и Викинзите предводени од Сигурд Хлодвирсон, ерл на Оркни и Бродир Мански, резултирала со победа на Ирците, но и смрт на нивниот крал.

Битката се одвивала крај реката Толка близу тогаш малиот Даблин. Викинзите биле во коалиција со ирски противници на кралот предводени од Сигтриг Свилобрадиот, крал на Даблин и Маел Морда мак Мирхада, крал на Ленстер. Околу 7-илјадна ирска војска се борела од утро до мрак со околу 6 илјади Викинзи, а во битката освен ирскиот крал Брајан загинале и неговиот син Мурхад мак Брајан, внукот Тоирделбах и противниците Сигтриг Свилобрадиот, Маел Морда, Сигурд Хлодвирсон и Бродир Мански.

По битката се намалило викиншкото влијание и присуство во Ирска која, пак, поради загубата на кралот и неговите наследници, немала крал сѐ до крајот на XII век.

Во 2014 година стотици Ирци ја прославија 1.000-годишнината од битката реконструирајќи ја борбата пред околу 40.000 гледачи.

Вести

22 мај 1939, Хитлер и Мусолини го потпишале Челичниот пакт

Read more

21 мај 1927, првиот непрекинат лет Њујорк-Париз

Read more

20 мај 1506, умрел Кристофер Колумбо верувајќи дека открил пат до Индија

Read more

19 мај 1906, отворен бил тунелот Симплон под Алпите

Read more