Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Кралот Алфонсо XIII
Генералот Франсиско Франко
Шпанија на почетокот од граѓанската војна: со розево е територијата под контрола на фашистите, со сино на републиканците
Републикански борци во Битката за Ирун
Германски офицер во команда со војници на Франко
Италијански војници во служба на Франко
Франкови фашисти во Сарагоса
Полски доброволци кај републиканците
Македонски доброволци во редовите на републиканците
Франко влегува во Сан Себастијан
Бомбардирањето на Барселона во 1938
Републикански војници се предаваат во околината на Мадрид
Шпанија во граѓанската војна (1936-1939)
Биста на Алексо Демниевски - Бауман во Охрид
Масовна гробница дело на Франко откриена во 2014 година
реклама

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Републиканските бранители на Мадрид на денешен ден развеале бело знаме над главниот град ставајќи крај на тригодишната крвава граѓанска војна.

Во 1931 година шпанскиот крал Алфонсо XIII дозволил на избори да се одлучува политичкото уредување на земјата, а граѓаните изгласале укинување на монархијата и воспоставување република. Алфонсо заминал во егзил, на власт дошле либерали од средната класа и умерени социјалисти, а Каталонија и Баскија добиле одредена доза на автономија. Таквиот развој на настаните не им се допаднал на десничарите кои во фашистот Франсиско Франко виделе обединувачки фактор. Во 1936 година Франко покренал воен бунт од Мароко и брзо напредувал освојувајќи ја Јужна Шпанија, јуришајќи кон Каталонија која важела за упориште на републиканците. Хитлер и Мусолини му дале воена помош на Франко, додека Сталин ги помагал републиканците, а на помош им дошле и доброволци од САД, Франција и други земји, меѓу кои и 137 македонски доброволци (Алексо Демниевски-Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски, Кирил Ќамилов итн.). Најпознати кои се бореле за републиканците биле Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј и Андре Малро. Орвел за војната ја напишал и книгата „Homage to Catalonia“ (Во чест на Каталонија), преведена и на македонски.

Во јануари 1939 година Франко ја освоил Барселона, по што лесно паднала и цела Каталонија. Републиканците се обиделе да преговараат, но Франко одбил. Неговите фашисти на денешен ден триумфално влегле во Мадрид ставајќи крај на војната во која загинале околу милион жители и која означила почеток на црниот период во шпанската историја.

Вести

15 мај 1935: Отворено било Московското метро

Read more

14 мај 1948: Создадена била државата Израел

Read more

13 мај 1982: Неуспешен атентат над папата Јован Павле II

Read more

12 мај 1926: Прв лет преку Северниот Пол

Read more