Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Американски гробишта во Нормандија
Германски гробишта во Нормандија
Британски гробишта во Нормандија
Канадски гробишта во Нормандија
реклама

6 јуни 1944: Почнал Десантот на Нормандија

Десантот на Нормандија, познат уште и како Операција Нептун, бил десант на Сојузниците во Втората светска војна во Нормандија на 6 јуни 1944 година (Денот Д). Пошироката операција била наречена Операција Оверлорд.

Десантот на Нормандија е најголемата десантска операција во историјата. По десантот, сојузничките сили не успеале да заземат ниту едно од местата што планирале да ги заземат, но успеале да ги контролираат плажите, и дури следните денови напреднале во внатрешноста. Со десантот командувал Двајт Ајзенхауер.

До изгрејсонце, 18 илјади британски и американски падобранци веќе биле на копното. Дополнителни 13 илјади авиони биле мобилизирани за да обезбедат воздушна поддршка за инвазијата., Во 6:30 часот утрото американските трупи дошле на брегот на плажите Јута и Омаха.

Британските и канадските трупи наишле на слаб против отпор и ги заземале плажите Голд, Џуно и Сорд. Американците ја заземале Јута, но задачата била многу потешка на Омаха, каде американската Прва дивизија се борела на отворено море, магла, мини, запалени возила - и германски крајбрежни батерии, вклучително и елитна пешадиска дивизија, која исфрлила силен оган. Многу ранети Американци на крајот се удавиле во големата плима.

До крајот на денот, 155.000 сојузнички трупи - Американци, Британци и Канаѓани - успешно упаднале на плажите на Нормандија и потоа биле во можност да протуркаат во внатрешноста. Во рок од три месеци северниот дел на Франција бил ослободен.

Сојузниците имале 4.414 загинати, над 10 илјади повредени и 185 уништени M4 Sherman тенкови. Германците имале помеѓу 4 и 9 илјади загинати, повредени, исчезнати или заробени.

Вести

21 јули 356 п.н.е.: Се родил Александар Македонски

Read more

20 јули 1969: Нил Армстронг стапнал на Месечината

Read more

19 јули 1900: Отворено било Париското метро

Read more

18 јули 64: Голем пожар го уништил Рим

Read more