7 мај 1915: Германска подморница го потопила бродот Lusitania
Во екот на Првата светкса војна германска U-20 подморница го потопила британскиот патнички брод RMS Lusitania, при што загинале 1.198 луѓе.
Lusitania бил потопен со торпеда 18 километри од ирскиот брег откако Германците изведувале поморска блокада над Обединетото Кралство напаѓајќи го секој брод, било воен или цивилен, што сакал да излезе од водите на кралството. Потопувањето на Lusitania било причина САД да се вклучат во војната против Германија, бидејќи голем дел од жртвите биле Американци.
На бродот имало вкупно 1.959 лица од кои 761 успеале да преживеат. Бродот потонал за 18 минути.