Франција го казни Google со 1,1 милион евра поради лошо рангирање на хотели

Google France и Google Ireland се согласиле да платат 1,1 милион евра казна откако истрага на француските власти откри дека нивното рангирање на хотелите ги залажува посетителите.

Според извештајот на француското министерство за финансии објавен денеска, Google го променил начинот за рангирање на хотелите во септември 2019 година.

Американскиот пребарувач е обвинет за создавање на свој рејтинг систем за хотели, кој користи сопствен алгоритам при доделувањето на ѕвездичките и оценките на хотелите. Француските власти оцениле дека таков рејтинг систем може да биде востановен единствено од Владата и дека само државата има право да го користи истиот.

Во декември, Google заработи казна за прекршување на францускиот закон за онлајн колачиња, а Националната комисија за информатика и слободи му изрече казна од 100 милиони евра. ЦНИЛ тогаш откри дека казната за Google е најголема која некогаш ја изрекла. Интересно, претходната најголема казна гласеше 50 милиони евра и му беше изречена истотака на Google, но за прекршување на правилата за приватност на Европската Унија.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе